Месноста Иловица, која се протега на 20 километри од грчката граница, се проценува дека располага со големо рудно богатство од околу 89 илјади тони бакар и 130,6 тони злато. Во моментов канадската компанија Еуромакс рисорсисс геолошки го истражува регионов, кој се смета дека располага со најмногу проценети минерални ресурси во Македонија. Министерот за економија, Ваљон Сараќини, вчера потврди дека имал средба со претставници на компанијата, но дека резултатите од наодите се уште не се официјализирани. Компанијата подолго време работи на детални геолошки истражувања и токму затоа наскоро ќе имам повторна средба со нивните претставници. Конечните резултати од истражувањата треба да ги достават во рок од 10 дена, а потоа ќе се стартува со експлоатација со минералната суровина.
Месноста Иловица, која се протега на 20 километри од грчката граница, се проценува дека располага со големо рудно богатство од околу 89 илјади тони бакар и 130,6 тони злато.
Во моментов канадската компанија Еуромакс рисорсисс геолошки го истражува регионов, кој се смета дека располага со најмногу проценети минерални ресурси во Македонија.
Министерот за економија, Ваљон Сараќини, вчера потврди дека имал средба со претставници на компанијата, но дека резултатите од наодите се уште не се официјализирани.
- Компанијата подолго време работи на детални геолошки истражувања и токму затоа наскоро ќе имам повторна средба со нивните претставници. Конечните резултати од истражувањата треба да ги достават во рок од 10 дена, а потоа ќе се стартува со експлоатација со минералната суровина - вели Сараќини и појаснува дека тие заедно со претставници на домашната компанија треба да го достават елаборатот врз основа на што треба да добијат лиценца за експлоатација.
Сараќини потенцираше дека врз основа на анализите и на домашните експерти се работи за огромна инвестиција, бидејќи тоа ќе биде рудник што ќе биде најголем во Југоисточна Европа.
- Ќе се отворат и голем број работни места и ќе се изградат големи фабрики во тој регион и очекуваме дека ќе имаме навистина голема среќа ако резултатите од истражувањата на компанијата бидат квалитетни, за да можат претставниците од Економија да излезат на терен и да ја одобрат дозволата за експлоатација. Тоа треба да се случи во рок од 6 месеци до една година, а потоа да се стартува и со експлоатација - објасни министерот Сараќини.
Министерот посочи дека има голем интерес и за купување на рудникот Тајмиште, кој веќе 15 години е затворен. Компании од Индија, Русија, Турција, Украина и една домашна се заинтересирани за рудникот, но Сараќини укажа дека јавниот повик е отворен до 4 мај годинава, но условите за давање под концесија најверојатно ќе се сменат.
- Покрај највисоко понудената цена како единствен начин за добивање на концесијата, ќе ставиме и предуслов - кој ќе изгради фабрика, ќе има можност да продолжи со втората фаза, доставување понуда. Практично ќе предвидиме дополнителен дел од тендерската документација со кој инвеститорот ќе се обврзе да изгради фабрика во Македонија и да вработи нови луѓе, а воедно и да ја преработува рудата - информира Сараќини.
Тој нагласи дека во Тајмиште резервите за експлоатација на железо се проценуваат за следните 150 години.
- Тајмиште е само дел од нашиот амбициозен план за промовирање на македонските рудници. Посетите на странските земји покажаа дека потенцијалните инвеститори се најзаинтересирани за истражување на минералните суровини, посебно рудниците. Тајмиште престана со работа во деведесеттите години, а сега го рестартираме - вели министерот.
Во врска со тендерот за Вардарската Долина, каде што се планира изградба на 12 хидроцентрали од кои две поголеми, се уште течат подготовките. Се изготвува претфизибилити студија која треба да прецизира што конкретно ќе се реализира, зашто проектот е комплексен.
- Анализата може да покаже дека наместо 12, доволни ќе бидат четири или пет хидроцентрали кои ќе работат со поголем капацитет, а цената што сега се предвидува од 1,5 милијарди евра може значително да се намали до една милијарда или до 800 милиони евра. Сепак, сигурно е дека ќе има капацитет до 330 мегавати и производството на електрична енергија да биде до 1.200 гигават-часови годишно - нагласи Сараќини.
Бугарскиот заменик-министер за економија, енергија и туризам, Иво Маринов, кој престојува во Македонија, информираше дека проектот за изградба на бугарската нуклеарка Белене е прекинат и централата нема да се гради.